Дома  I    Мапа  I    Контакт  I    Огласна Табла    


   
 
 
 
Погледнете ја статистиката за работењето на судот за актуелната година ...
 
 
Надлежности

Надлежноста на Основен суд Неготино е определена со законот за судови (службен весник на РМ бр. 58/06; 35/08). Основниот суд Неготино е суд со основна надлежност за подрачјето на општините Неготино и Демир Капија

  • Историјат
  • Внатрешна организација
  • Досегашни и сегашен претседател на судот

Основниот суд во Неготино е основан на 1 Јануари 1977 година. Во почетокот на постоењето судот бил сместен на ул. "Маршал Тито" се до месец Мај 1993 година, кога е префрлен во сегашните простории кои исто така се наоѓаат на ул. "Маршал Тито"

Структура на судската зграда

Приземје

На приземјето се наоѓаат:

  • Граѓанско одделение
  • Кривично одделение
  • Приемно одделение
  • Прекршочно одделение

I кат

На првиот кат се наоѓаат судниците I-III, кабинетот на Претседателот на судот, како и кабинети на судиите.

II кат

На вториот кат се наоѓаат кабинети на судиите, кабинети на судските соработници, како и книговодителството и благајната.

Во периодот од 1977 година па до сега претседатели на овој суд биле: 

    • Љубомир Бочваров
    • Милутин Перчинков
    • Ратко Петровски
    • Лазар Ризов
    • Aцо Анѓелковски