|
|
|
 |
Соопштенија за Јавност
|
 |
|
|
|
17.10.2011 ЕВРОПСКИ ДЕН НА ГРАЃАНСКАТА ПРАВДА
|
ОСНОВЕН СУД НЕГОТИНО
СООПШТЕНИЕ ДО МЕДИУМИТЕ
Неготино , 17.10.2011 година
Лице за контакт :
Лице задолжено за односи со јавноста
Марија Лазова Ѓорчева
Тел:043-361-010 и 043-361-895
ЕВРОПСКИ ДЕН НА ГРАЃАНСКАТА ПРАВДА
На ден 25.10.2011 година со почеток во 08,30 часот во просториите на Основен суд Неготино ќе се одбележи Европскиот ден на граѓанската правда. По тој повод се повикуваат граѓаните , медиумите и сите заинтересирани лица да го посетат Основен суд Неготино и да се информираат за начинот на остварување на нивните права. На сите заинтересирани ќе им биде овозможено разгледување на судот , разговор со судиите и вработените во судската администрација , воедно и да остварат средба со претставници од адвокатите , нотарите и извршителите и да добијат корисни информации и совети за своите права.
Во соработка со ДСУ „Св.Кирил и Методиј“ од Неготино ќе биде организирана посета на Основен суд Неготино од страна на група ученици на кои ќе им бидат одржани предавања со цел да се доближат активностите на судот , адвокатите , нотарите и извршителите до учениците во средните училишта.
За повеќе информации во врска со овој настан контактирајте со Лицето задолжено за односи со јавноста Марија Лазова Ѓорчева.
|
 |
|
|
06.09.2011 ЕЛЕКТРОНСКА ДОСТАВА НА СПИСИ
|
|
ОСНОВЕН СУД НЕГОТИНО
СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА
Неготино , 06.09.2011 година
Согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за парнична постапка (Сл.в.бр.116 од 01.09.2010 година) доставувањето на писмената по електронски пат до Основен суд Неготино може да се врши на следната e mail адреса : priemno_odd@t-home.mk
|
 |
|
|
06.07.2011 СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА
|
Република Македонија
МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА
И З В Е С Т У В А Њ Е
Министерството за правда ги известува граѓаните на Република Македонија дека согласно Законот за извршување, од 01 јули 2011 година започна преносот на старите извршни предмети кај нотарите и извршителите.
Доверителите што започнале постапка за извршување пред судовите до 26 мај 2006 година, доколку сакаат да ја продолжат постапката за извршување, можат во рок од шест месеци заклучно со 31.12.2011 година, да пристапат пред судот и да се произнесат за продолжување на започнатите постапки за извршување.
Доколку доверителите не пристапат пред судот заклучно со 31.12.2011 година, предлозите за извршување ќе се сметаат за повлечени, а по извршните предмети кои имаат правосилни и извршни решенија, постапките за извршување ќе се сметаат за запрени.
Предметите се пренесуваат на извршителите и нотарите во стадиумот во кој се наоѓаат пред судовите.
Должниците на кои не им се уредно доставени решенијата за извршување со што не им било овозможено да се произнесат пред судовите во однос на решенијата со поднесување на приговори против решенијата за извршување, каматата на главен долг се пресметува од денот кога решенијата за извршување ќе станат правосилни.
Со трансферот на извршните предмети кои ќе се пренесат на извршителите и нотарите, судовите ќе се растоварат за околу 400.000 предмети.
Министерството за правда известува дека од 01 јули 2011 година започнува примената на одредбите од Законот за парничната постапка, според кој судовите немаат основ да примаат предлози за издавање на платни налози врз основа на веродостојни исправи, односно нотарите ќе донесуваат решенија со кои се дозволува извршување врз основа на веродостојни исправи што се однесуваат на неплатени побарувања по основ на потрошена електрична енергија, топлинска енергија, вода и други комунални услуги.
Судовите ќе постапуваат исклучиво по изјавен приговор против решението донесено од нотарот со кое се дозволува извршување врз основа на веродостојна исправа.
На овој начин се очекува судовите во Република Македонија да се растоварат за 200.000 дополнителни предмети на годишно ниво по основ на платни налози за сметки од комунални услуги за граѓаните.
Со примена на новите одредби на Законот за парничната постапка, Законот за извршување, Законот за вонпарнична постапка и Законот за даночна постапка, во судовите ќе се решаваат само спорните граѓански, кривични, стопански, стечајни, работни и други видови предмети.
МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА
|
 |
|
|
24.06.2011 ЈАВЕН ПОВИК
|
Република Македонија
МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА
И З В Е С Т У В А Њ Е
Министерството за правда Ве информира дека согласно Законот за вештачење ("Службен весник на Република Македонија" бр.115/10) објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
1. за прибирање на барања за полагање на стручен испит за вештак од областа на материјалното, сметководственото и финансиското работење;
2. за прибирање на барања за полагање на стручен испит за вештак од областа на технолошкото инженерство;
3. за прибирање на барања за полагање на стручен испит за вештак од областа на заштитата на авторските права и другите сродни права и правата од интелектуалната споственост;
4. за прибирање на барања за полагање на стручен испит за вештак од областа судската медицина;
5. за прибирање на барања за полагање на стручен испит за вештак од областа на интерната медицина.
Заинтересираните кандидати можат поконкретно да се информираат на огласната табла на Министерството за правда на ул.„Димитрие Чуповски“ бр. 9-Скопје или на веб страницата на Министерството за правда www.justice.mk или www. pravda.gov.mk
Крајниот рок за поднесување на барање до Министерството за правда на Република Македонија за полагање на стручен испит за вештак е 5 јули 2011 година.
Министерство за правда
|
 |
|
|
19.04.2011 АНКЕТА
|
ОСНОВЕН СУД НЕГОТИНО
СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА
Неготино , 19.04.2011 година
Лице за контакт :
Лице задолжено за односи со јавноста Марија Лазова Ѓорчева
Тел:043-361-010 и 043-361-895
ЗГОЛЕМЕНО ЗАДОВОЛСТВОТО НА КОРИСНИЦИТЕ НА УСЛУГИТЕ НА ОСНОВЕН СУД НЕГОТИНО
84,21 % од корисниците на услугите на Основен суд Неготино сметаат дека судот работи ефикасно. Ова го покажаа резултатите од спроведената анкета за мерење на задоволството на корисниците од услугите на судовите спроведена на ден 19.04.2011 година во Основниот суд Неготино.
Анкетата се спроведува периодично и има за цел да го процени мислењето на корисниците на судот за работата на судот како и да даде насоки за подобрување на квалитетот на услугите. Во анкетата беа вклучени 19 корисници на услугите на судот.
За повеќе информации во врска со овој настан контактирајте со Главниот координатор за спроведување на анкетата Марија Лазова Ѓорчева.
|
 |
|
|
05.04.2011 ИЗВЕСТУВАЊЕ
|
ОСНОВЕН СУД НЕГОТИНО
СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА
Неготино , 04.04.2011 година
Лице за контакт :
Главен координатор Марија Лазова Ѓорчева
Тел:043-361-010 и 043-361-895
На ден 19.04.2011 година со почеток од 08,30 часот во просториите на Основен суд Неготино ќе биде спроведена Анкета за мерење на задоволството на корисниците на услугите Основен суд Неготино
За повеќе информации во врска со овој настан контактирајте со Главниот координатор за спроведување на анкетата-Судски соработник Марија Лазова Ѓорчева.
|
 |
|
|
|
|
29.11.2010 ЗГОЛЕМЕНО ЗАДОВОЛСТВОТО НА КОРИСНИЦИТЕ НА УСЛУГИТЕ НА ОСНОВЕН СУД НЕГОТИНО
|
ОСНОВЕН СУД НЕГОТИНО
СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА
Неготино , 29.11.2010 година
Лице за контакт :
Претседател на судот Ацо Анѓелковски
Тел:043-361-010 и 043-361-895
ЗГОЛЕМЕНО ЗАДОВОЛСТВОТО НА КОРИСНИЦИТЕ НА УСЛУГИТЕ НА ОСНОВЕН СУД НЕГОТИНО
92 % од корисниците на услугите на Основен суд Неготино сметаат дека судот работи ефикасно. Ова го покажаа резултатите од спроведената анкета за мерење на задоволството на корисниците од услугите на судовите спроведена на ден 29.11.2010 година во Основниот суд Неготино. Довербата на граѓаните е зголемена за точно 7,79 % во споредба со првата анкета која беше спроведена на ден 15.02.2008 година.
Анкетата се спроведува периодично и има за цел да го процени мислењето на корисниците на судот за работата на судот како и да даде насоки за подобрување на квалитетот на услугите. Во анкетата беа вклучени 25 корисници на услугите на судот.
За повеќе информации во врска со овој настан контактирајте со Претседателот на судот Ацо Анѓелковски .
(крај)
|
 |
|
|
25.10.2010 Соопштение до Медиумите
|
ОСНОВЕН СУД НЕГОТИНО
СООПШТЕНИЕ ДО МЕДИУМИТЕ
Неготино , 25.10.2010 година
Лице за контакт : Претседател на судот Ацо Анѓелковски
Тел:043-361-010 и 043-361-895
ЕВРОПСКИ ДЕН НА ГРАЃАНСКАТА ПРАВДА
На ден 25.10.2010 година за прв пат во просториите на Основен суд Неготино се одбележа Европскиот ден на граѓанската правда. По тој повод на сите заинтересирани граѓани им беше овозможено да ги разгледаат просториите на судот , да разговараат со судиите и вработените во судската администрација и да се информираат за начинот на остварување на нивните права. Исто така беше организирана посета на група ученици од ДСУ „Св.Кирил и Методиј“ од Неготино на кои им беа одржани предавања со цел да се доближат активностите на судот до учениците во средните училишта и истите присуствуваа на рочиште за главна расправа во парнична постапка.
Во соработка со Адвокатската комора на РМ и претседателот на адвокатите за Општина Неготино адвокат Марина Димитрова беше овозможена бесплатна правна помош на заинтересираните лица.
Граѓаните беа практично запознавти со начинот на кој функционира судот посебно во делот на автоматската распределба на предметите кои пристигнуваат во судот по судии , употребата на АКМИС во секојдневната работа и достапноста на сите донесени пресуди кои се предходно анонимизирани и објавени на страната на Основен суд Неготино www.osnegotino.mk .
За повеќе информации во врска со овој настан контактирајте со Претседателот на судот Ацо Анѓелковски .
|
 |
|
|
|
|
|